Постојат многу урбани простори во светот кои се толку уникатно планирани, што ги оставаат луѓето без зборови. Со помош на сателитите и воздушните фотографии можеме да видиме колку внимателно се поставуваат зградите.
Еден од таквите неверојатни простори е и Брендби Хавеби. Лоциран во непосредна близина на Копенхаген, Данска, овој „градинест град“ е место каде што постојат многу градини познати по нивниот уникатен кружен аранжман.
Куќите во ова гратче имаат големи дворови, што им обезбедува мир и тишина и им дава можност да се занимаваат со одгледување растенија и култури.
Идејата за „градинарски град“ била одобрена во 1964 година, кога општината се согласила да издвои простор за кружни градини.
Архитектите не случајно го избрале овој вид дизајн. Идејата е едноставна: да се зголеми социјалната интеракција меѓу оние што ги изнајмуваат градините.
За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Данска