За две години Италија ќе ја напушти ЕУ?

Се појави информација во италијанската јавност дека земјата може да ја напушти Европската Унија. 

Портпаролот на партијата Италегзит, Серџо Монтанаро откри дека планира да ја извади Италија од Европската Унија за помалку од две години, објави „Експрес“.  Вели дека исто како и Британците, и Италијанците сакаат да ја напуштат ЕУ за да бе живеат како во кафез. 

Монтанаро го претстави планот како прилично едноставен и се обидува да донесе во парламентот луѓе кои сакаат да ја напуштат ЕУ.

„Проблемот е што има многу конфузија околу тоа што да се прави кога всушност е многу едноставно. Да бевме владејачка партија, првото нешто што би го сториле е да го активираме членот 50 од Лисабонскиот договор. Потоа би создале паралелна валута придружена со еврото во период од две години потребни за реално напуштање на блокот“, вели тој. 

Портпаролот на Италегзит,  партијата основана и предводена од италијанскиот сенатор и поранешен телевизиски новинар Џанлуиџи Парагоне, рече дека последователно ќе се обидат да преговараат со други држави кои би сакале да склучат трговски договори со нив.

И претходно се споменувало дека е можно Италија да ја напушти ЕУ, кога земјата се соочуваше со финансиски проблеми, но и кога очајно бараше помош откако почна да „коси“ коронавирусот. 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија