ОПАСНО И ЗАБРАНЕТО: За цена од 350 до 1.500 долари се продаваат лажни вакцини од Кина

Италијанската царина ја засили контролата врз бродовите и авионите, но и електронската трговија, откако италијанскиот весник „Џорнале“ изнесе наводи дека лажни кинески вакцини може да се најдат на Интернет по цена од 350 до 1.500 долари. Во написот стои дека тие се опасни и забранети.

За весникот „Ла Стампа“, пак директорот на царината Марчеко Минена изјави дека во земјата постои зголемен ризик од нарачување на лажни кинески вакцини.

-Забележавме дека постои опасност од дистрибуција на кинеска вакцина, која сепак не беше произведена од официјалните кинески производители и која им беше дадена на кинески граѓани, посочува Минена.

Истовремено и „Бизнис инсајдер“ известува дека на Интернет може да се најдат производи што немаат никаква врска со кинеската вакцина произведени од „Синовак“ или „Синофарм“ и дека цените се десет пати повисоки од вообичаените во Кина, кои се движат од 30 до 60 долари. Италијанскиот весник „Панорама“ пишува дека кинеска вакцина против корона е достапна во Италија веќе неколку дена и дека е можно да се купи од Кинезите во Рим.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија