За помалку од еден месец од воспоставувањето на базната станица за издавање на патни исправи во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, главниот град на Германија, над 200 лица се имаат сликано, а околу 70 наши државјани веќе се имаат стекнато со нова патна исправа, тврди амбасадорот Рамадан Назифи.
Амбасадорот нагласува дека со базната станица се надмина еден од најголемите и најгорливи проблеми со кои дијаспората и амбасадата се соочуваа, пренесува МНР.
Покрај многуте позитивни коментари кои пристигнуваат од дипломатската мрежа, но и од дијаспората се нагласуваат придобивките од подигнувањето на новата патна исправа во амбасада, без потреба од дополнителни трошоци и патување во матичната земја.
Досега во амбасадите во странство се воспоставени девет базни и четири мобилни станици, а се очекува оваа бројка да се зголемува.