За 6 месеци Германија дала 1700 работни визи за Балканците

Врз основа на олеснувањата за миграција на работници, за што беше донесена одлука во октомври минатата година, Германија до крајот на март доделила 1700 работни визи за луѓе од западнобалканските држави, пишува „Хајлбронер штиме“ денеска, повикувајќи се на наводи од ополномоштеникот на пратеничката група на СПД за интеграција, Јосип Јуратовиќ.

„Потребно ни е дополнително доселување од земји кои не се членки на ЕУ“, вели Јуратовиќ за весникот, додавајќи: „Во спротивно, нема да може да ја одговориме на потребата од работна сила“.
Според извештајот, до германските власти биле доставени 3247 барања за работна виза. Во обработка се сѐ уште 1154 барања, а 338 барања се одбиени. Податоците потекнуваат од Сојузната агенција за работа.

За да се почне постапка за работна дозвола, барателот треба да има конкретна понуда за работа или за обука и да ја има минато т.н. постапка за предност, со која се проверува дали можеби за даденото работно место или место за обука има кандидати Германци или граѓани на некоја од државите на ЕУ, кои би имале предност. Ваквата постапка за предност од ноември минатата година досега веќе ја минале 4153 лица од западнобалканските држави, што е квота од околу 87%.

Германската влада во октомври донесе одлука покрај Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, за сигурни земји на потекло да ги прогласи и Косово, Албанија и Црна Гора. Ваквото категоризирање служи за барателите на азил од овие земји да бидат враќани во татковините по брза постапка. Граѓаните од шесте земји од Балканот наместо да поставуваат безизгледни барања за азил во Германија, треба да добијат легални начини за работа во земјата. Германската министерка за труд и социјала Андреа Налес во септември изјави дека во период од 5 години би требало во Германија годишно да доаѓаат по 20.000 работници од Балканот, без оглед на квалификацијата. Германскиот сојуз на здруженија на работодавачи (БДА) ги критикуваше специјалните правила за граѓаните од Западен Балкан и наместо тоа бараше брза интеграција на пазарот на работа на бегалците кои имаат перспектива за останување, како и правила за целно доселување на стручна работна сила.

Извор: dw.de

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија