Во многу европски и светски лиги има разни признанија: за најубав гол, за најферплеј потег, за најдобар стрелец, за најубава одбрана итн. Германците отидоа подалеку па имаат и забавна традиција: секој месец телевизиската емисија „Прекрасниот свет на фудбалот“ доделува награда за најлош гол на месецот – Kacktor des Monats.
Името на признанието може да се преведе како „Најсрање гол на месецот“, а наградата е капак за вц шолја.
Во април месец наградата ја доби бекот на Унион Берлин, Роберт Андрих за мартовскиот автоголо од 30 метри на мечот со Ајнтрахт во Франкфурт (5:2).
Роберт Андрих му врати силно една топка на голманот кој стоеше многу настрана од својот гол и топката заврши во мрежата пред голманов да ја фати. Благодарение на тој гол Ајнтрахт поведе а до крај ја наполни мрежата на гостите од Берлин.
Наградата на Роберт му ја врачил Андреас Лите, голманот кој го примил голот од неговиот соиграч.
„Прв трофеј сезонава, ти честитам“, му рекол Андреас. „Фала, трогнат сум“, му одговорил стрелецот на автоголот Роберт.
Наградава ја смислил познатиот германски спортски новинар Арнд Цајглер. Од 2007-ма година тој ја води телевизиската програма „Прекрасниот свет на фудбалот со Цајглер“ која се дава во недела.
Таму Цајглер покажува инсерти од натпревари од Бундеслига, разговара со познати фудбалери и тренери од Германија и многу се мајтапи.
Оваа премија за најлош гол на месецот веќе стана фолклор во германскиот фудбал. Глупи автоголови и голови асоцираат на оваа награда и секој помислува на неа кога ќе падне таков погодок. И што е најважно, фудбалерите немаат ништо против да ја добијат и никој досега не се налутил или навредил.
Приметете колку некои се насмеани кога ја добиваат наградата:
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.