Исланд е најмирна, а Сирија најпроблематична земја во светот

Сè поголемата разлика меѓу богатите европски земји, кои живеат во мир, и опфатените од конфликт сиромашни земји во Африка и на Блискиот Исток одразува една сè поголема поделба во светот, покажуваат податоците во извештајот на Институтот за економија и мир. Секоја година Институтот објавува т.н. Глобален индекс на мирот, претставувајќи ги најмирните и најпроблематичните земји во светот.

Критериумите, според кои се класифицираат земјите, се вкупно 23. Меѓу нив се внатрешни и надворешни конфликти, трошоци во областа на одбраната, тероризмот, убиства, пораст на други злосторства и друго.

Прв на листата е Исланд. Тоа е најмирната држава во светот, а потоа следуваат Данска и Австрија. Сирија се наоѓа на дното од класификацијата, на 162. место. Таа е најпроблематичната земја, а во оваа категорија се наоѓаат и Ирак, Авганистан, Јужен Судан и Централноафриканската Република.

Европските земји заземаат 20 од 30 места како најмирни држави во светот.
Интензитетот на вооружените конфликти драматично се зголеми, а бројот на загинатите во немирите во светот е три и пол пати поголем, односно од 49.000 убиени во 2010 година на 180.000 жртви во 2014 година, се наведува во извештајот.

 

Извор: Нова Македонија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија