Италијански град ќе ги казнува оние што даваат милостина на питачите

Италијанскиот град Бордигера, кој се наоѓа близу границата со Франција, донесе одлука да ги казнува оние кои им даваат пари на питачите. Одлуката е донесена откако жителите на овој град, се пожалиле дека биле вознемирувани од питачите.

Градоначалникот Џакомо Паланца сметал дека би било бесмислено да се казнат питачите, кои никогаш не би биле во можност да ја платат казната, па затоа решил тој товар да биде на луѓето кои им даваат пари. Општината го воведе ова правило во пресрет на туристичката сезона, која обично започнува по католичкиот Велигден.

„За оние кои навистина се сиромашни и имаат потреба од помош, тука се социјалните служби. Постојат добротворни организации кои помагаат на вакви луѓе, а питачењето мора да се искорени“, изјави тој.

Стив Барнс е ко-основач на „Project Rome“, организација која им помага на бездомниците во главниот град. Тој смета дека ваквата иницијатива е позитивна.
„Не само што тоа не е вистинскиот начин да покажете милост и добрина кон тие луѓе, туку и навистина е понижувачки да фрлите неколку парички на некој што питачи на улица“, изјави Барнс. „Потегот навистина ми се допаѓа и сметам дека со ова ќе се намали уличниот криминал, како и ризикот овие луѓе да станат зависни од алкохол и дрога“, додаде тој.

Питачењето во Италија не е нелегално. Иако е забрането да се питачи со деца или животни, законот не се спроведува толку ригорозно. Сепак, други италијански градови како Бордигера, донесоа свои правила за да го решат овој проблем. Па така, во 2008 година, Венеција стана првиот град кој воведе казни од 25 до 50 евра за оние кои питачат. Овој потег главно беше насочен кон спречување на експоатацијата на децата.

Во меѓувреме, ваквото казнување предизвика жестоки дебата во други земји. Минатата година, Норвешка беше принудена да се откаже од иницијативата со која на питачите ќе им издава парични и затворски казни. Просењето е нелегално во Данска и Велика Британија, каде казните се зголемиле за цели 70% во 2014 година.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија