За време на пандемијата, популарноста на велосипедите порасна во Германија и тоа за жал го забележаа крадците.
Само минатата година во Германија се пријавени 260.000 кражби на велосипеди во вредност од околу 200 милиони евра, соопшти Федералното биро за криминал.
Половина велосипеди биле осигурани. Како што дознава Deutsche Welle (DW) од германската осигурителна индустрија, крадците во последно време избираат поскапи модели.
Денес, осигурувањето плаќа во просек 730 евра за украден велосипед, пред десет години беше скоро двојно помалку – 400 евра.
Повеќето кражби се случуваат во Хамбург и Бремен, како и во источните федерални покраини Берлин, Бранденбург и Саксонија. Малку од украдените велосипеди се пронајдени, во 2020 година само околу 10%.
Купувачите се обидуваат да продаваат поевтини велосипеди преку интернет или на специјализирани саеми за велосипеди.
Поскапите модели често се продаваат во делови, но понекогаш и цели.
Сепак, во рамките на Европската унија, тоа е ризична активност за крадците, бидејќи обично се регистрираат поскапи велосипеди и лесно е да им се влезе во трага. Поради тоа најскапите велосипеди завршуваат надвор од границите на ЕУ.
Можно е да се контролираат регистрациските броеви на велосипеди и на границите, но проверките се вршат само спорадично.
Интернетот во Украина е полн со огласи на кои се продаваат “половни велосипеди од Германија“, но тешко е да се процени колку украдени велосипеди всушност завршуваат на пазарот во Украина. Веродостојна статистика не постои, па проценките се движат од неколку десетици до 100.000.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.