КАКО ДА ШТЕДИТЕ КАКО ГЕРМАНЦИТЕ?

Домашно сметководство

Контролирањето на вашите приходи и трошоци ви помага да спречите отворање финансиски дупки во вашиот личен или семеен буџет. Експертите советуваат да водите белешки на лист хартија или во Ексел-табела за фиксните месечни трошоци – како што се изнајмување, осигурување или рати за кредит. На овој начин лесно ќе дознаете колку ви останува за книги, облека и за забава.

“Принцип на празна тегла”

Останатиот износ по одземањето на основните трошоци е полесно да се распредели ако го користите „принципот на празна тегла“. Тој ќе ви помогне да ги определите категориите на трошоци (материјали за обука, патувања, нова чанта, задоволства и сл.) и да им дадете приоритет. Првите преостанати средства треба да се искористат за пополнување на теглата резервирана за најважниот трошок.

Разумно пазарување

Планирањето на пазарувањето може да ви помогне да избегнете спонтани набавки за кои подоцна може да зажалите. Ако влезете во продавница со список на потребни производи, ризикот да купите нешто непотребно е помал. Можете, исто така, да користите мобилни апликации за оваа намена. Исто е многу важно да не влегувате во продавница на празен стомак и да одвоите само ограничено време за пазарување.

“Секонд-хенд” производи

Користената облека можеби не е по сечиј вкус, но особено младите во Германија активно ги користат можностите на „секонд-хенд“ односно трговијата на користена стока. Учебниците се најпопуларни, но во универзитетите, на пример, има и огласни табли за користен мебел, лаптопи и дигитални фотоапарати, а на некои места се организираат пазари за користени велосипеди.

Разменска трговија

Германците мора да одат во продавница за да купат нова облека. Специјалните интернет страници за размена, како што се Tauschbörse.de или Kleiderkreisel.de, им помогаат да заштедат пари. Сепак, овој вид на шопинг носи дополнителни трошоци за испорака. Друг недостаток е тоа што не можете да ја вратите облеката ако се покаже дека е тесна или широка.

Споделување на храна 

Споделувањето на храна заштедува не само природни ресурси, туку и пари. Порталите за т.н. споделување на храна нудат прехрамбени производи кои некој ги има вишок или имаат слаб комерцијален изглед. На ваков начин работат јавни фрижидери во некои градови во Германија.

Поправи сам

Скршено тркало? Прегорен апарат? Цените на услугите за поправка во Германија се високи. Можете да заштедите многу пари ако посетите работилница како што е Кафулето за репарирање (Repair Cafe). Вработените ќе ви покажат како да внесете нов живот во оштетениот апарат. Сепак, постои еден услов: треба сами да го поправите, слушајќи ги нивните совети.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија