Корона: Построги правила за влез во Германија

Германија од 24.01.2021год. ги заострува правилата за патување поради пандемијата на коронавирусот.

Од (24.01.2021) луѓето кои во Германија доаѓаат од т.н. подрачја со висока инциденција, треба да се тестираат на коронавирус уште пред влегување во земјата. Негативниот резултат на тестот не смее да е постар од 48 часа. Потоа важи обврска за карантин од десет дена, со исклучок на лицата кои ќе направат и втор тест со негативен резултат, за кои времето во карантин ќе се крати на половина.

Новата група опфаќа повеќе од 20 држави со значително повисоки бројки на инфекција отколку Германија, меѓу кои Чешка, Шпанија, Португалија и Египет, како и САД и Израел. Тука се и речиси сите земји од Балканот, меѓу нив и Северна Македонија. Како вредност која се смета се референтна е 200 инфекции на 100.000 жители во период од седум дена.

Заострени се правилата и за оние држави каде се имаат раширено високо заразни варијанти на коронавирусот. Во оваа категорија сега се вбројуваат Велика Британија, Ирска, Јужноафриканската Република и Бразил. Патниците од сите останати „ризични подрачја“ – по правило земји со седумдневна инциденција повисока од 50 – имаат рок за тестирање од максимум 48 часа по пристигнувањето во Германија. И за нив важи мерката карантин.

Со новите правила патувањето во странство би требало да се направи уште понепривлечно. Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, новите мерки ги објаснува со тоа дека мора да се сузбијат новите позаразни варијанти на вирусот. Истовремено, ЕУ сака да го зачува внатрешниот пазар отворен и да го осигура транспортот на важни стоки.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија