Германија размислува целосно да ги сопре меѓународните летови

Властите во Германија размислуваат дали целосно да ги сопрат меѓународните летови кон земјата за да го спречат ширењето на позаразните соеви на коронавирусот, потврди министерот за внатрешни работи. 

Стравот од новите мутации на коронавирусот ја тераат владата во Берлин да размислува за уште порадикални меркиво обид да го спречи ширењето на пандемијата.
„Опасноста од бројните мутации на вирусот не принудува да размислуваме за драстични мерки“, изјави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер за весникот Билд.
„Тоа вклучува значително построги гранични контроли, особено на границите кон високо-ризичните региони, но исто така и намалување на воздушниот сообраќај кон Германија на речиси нула, како што во моментов прави Израел“. 
Според информации од состанокот на германската владејачка партија ЦДУ, канцеларката Ангела Меркел препорачала „целосно да се забранат туристички патувања“. 

Појавата на новите соеви на вирусот во Британија и Јужна Африка, кои се сметаат за позаразни од оригиналниот вид, родија нови грижи во период кога многу држави тешко се справуваат со пандемијата.
Бавната вакцинација само ги зголеми тие грижи.

Германија е во перманентен локдаун од ноември минатата година кога најпрво беа затворени рестораните, баровите, културните објекти…а веќе во декември рестрикциите ги зафатија и училиштата и трговските објекти. Актуелните ограничувања ќе траат најмалку до средината на февруари.

Од неделата во земјата започнаа да важат заострени правила за влез од странство. Особено погодена е германско-чешката граница каде, поради големиот број Чеси кои работат во Германија, се создадоа големи колони за влез во земјата.

„Луѓето во Германија кои ги прифатија острите рестрикции очекуваат од нас да ги заштитиме на најдобар начин од експлозија на бројот на инфекции“, вели Зехофер.

Од почетокот на пандемијата во Германија беа регистрирани над два милиони случаи на ковид-19, а над 52 илјади луѓе починаа поради или со вирусот.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија