Дубаи е престолнина на луксуз кој секоја година го посетуваат сè повеќе туристи. Постојано се отвараат нови хотели, ресторани, дискотеки и слични локали, па затоа секогаш имаат потреба од работници. Сепак доколку се одлучите за аплицирање за некој од огласите за работа, сметајте дека покрај Вас, аплицираат уште 70.000 кандидати. Дубаи е атрактивна дестинација за многу млади ширум светот. Затоа морате да се издвоите и да бидете поинакви. Еве како можете да го сторите тоа:
-средете го своето CV
-истражувајте
-аплицирајте за различни позиции
Потрудете се Вашето CV да биде оригинално, наместо да го пишувате во вообичаените форми. Бидете поинакви и креативни, за да бидете воочени. Истражувајте за она кое сакате да го работите, какви се условите, колкава е платата и слично. Притоа, секогаш аплицирајте на повеќе огласи за различни позиции. Така шансите за вработување Ви се поголеми.
Исто така, добро разгледајте ги огласите. Покрај висината на платата, информирајте се дали тука спаѓа и сместувањето и храната. Дубаи е како и секоја друга држава бара што е можно поевтина работна сила, за да остварат поголем профит. Така што бидете подготвени на сè.
Едни од најдобрите сајтови за вработување се следниве:
DubaiInformationSite
DubaiJobs
Dubizzle
CatererGlobal
Hozpitality
JobsInDubai
Доколку сакате да прочитате информации за тоа како да најдете работа во Дубаи без посредничка агенција, кликнете тука.