Очигледно е дека Германија има толку сериозен проблем со уринирањето на јавно место, што мораше да најде иновативен начин за да го спречи ова. Со оглед на тоа дека Германија е позната по доброто пиво, многу често се случува да видите пијани Германци кои уринираат врз ѕидовите од зградите.
Ова е особено голем проблем во Хамбург. Хамбург е град кој е познат по добрата забава и ноќниот живот, но секое следно утро граѓаните се будат во ужасна смрдеа. Жителите на Санкт Паули, кој претставува четвртина од од овој германски град, се уморни од пијаниците кои ги користат нивните улици како еден голем јавен писоар. Затоа, тие решија да го возвратат ударот на генијален начин. Знаејќи дека поставувањето камери или зголемувањето на казните нема да го реши проблемот, тие се обидоа со нешто друго. Имено, жителите одлучиле јавните површини да ги премачкаат со суперхидрофобична материја која наместо да ја впие урината, ја одбива од себе. Па така, оној кој ќе се обиде да уринира на јавно место, ќе ја добие својата урина назад врз своите нозе. Локациите кои се намачкани со оваа материја најчесто се обележани со знаци, но има и такви кои не се. Па доколку сте љубител на руски рулет, можете да си ја пробате среќата.