Ги нападнала мечка, ги казниле зашто ја убиле

Веројатно се сеќавате на веста за чешкиот турист кој во март беше нападнат од мечка на еден од норвешките острови. Моравец помина со полесни повреди и за брзо време беше испратен на домашно лекување. Но, не помина така лесно откако излезе од болница. Имено, на водачот на групата му беше изречена казна од 1200 долари бидејќи ситуацијата завршила со смрт на мечката. Како што пропишуваат законите за животна средина на Свалбард, луѓето кои патуваат во архипелагот мораат да ги имаат потребните знаења и да преземат мерки на претпазливост за да се заштитат од напад на поларна мечка.

538998967
Според локалните власти на Свалбард, можат да се избегнат многу вакви случаи кога поларните мечки се убиени во самоодбрана, доколку се преземени безбедносни мерки.
Тие изјавија дека ова е прв таков случај на казнување во Свалбард.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија