Канада е држава со најдобра репутација

Reputation Institute секоја година прави листа на држави со најдобра репутација, оценувајќи ја нивната економија, влада, животна средина и слично. Според извештајот за оваа година во кој беа оценети 55 земји, Канада се најде на врвот.

Фернандо Прадо од Институтот, изјави дека Канада има ефикасна влада, отсуство на корупција, гостопримливи и пријателски настроени луѓе, како и материјална помош која државата ја нуди.
Сепак, има неколку категории каде Канада заостанува. Имено, Прадо наведе дека Канада има недостатокот на силен бренд и големи компании. Но, и покрај тоа, Канада веќе трета година се рангира на првото место.

Норвешка се пласираше на второто место, а по неа следеа Шведска, Швајцарија и Австралија.

Институтот исто така прави посебна ранг листа врз основа на она што го велат граѓаните за нивните татковини. Австралија беше прворангирана според задоволството на нејзините граѓани, а потоа следеа Канада, Русија, Индија, Германија и САД.

Кај Русија се јави најголем јаз меѓу задоволството на граѓаните и тоа како другите народи ја оценуваат нивната држава. Руските државјани се на трето место според задоволството од својата татковина, но според оценките на другите земји, Русија се најде дури на 52-ро место, од вкупно 55. Само Пакистан, Иран и Ирак беа зад неа.

Јазот помеѓу задоволството на граѓаните и надворешните репутација исто така е голем за Кина, Индија и САД.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија