Се повеќе луѓе во Германија очајнички бараат стан, понудата е мала, кириите се зголемуваат, приходите веќе не се доволни за добар стан, што го уништува германското општество, пишува Дојче веле.
Секој што сака убав стан во добар дел од Берлин мора да е богат, пишува порталот и наведува дека еден портал нуди четирисобен стан во населбата Шарлотенбург од 182 метри квадратни, наместен, и дека цената е 8.190 евра месечно, плус режиски трошоци.
Најприфатливиот стан во Берлин 725 евра месечно
„Понуда на месецот“ е стан од 69 квадрати во источното предградие за 725 евра. Станот е на шести кат, без лифт, бараме „спортско семејство“ кое „сака да мајсторува“, бидејќи станот треба да се реновира.
Во Германија просечниот нето приход е 2.165 евра. Околу една третина од приходот се дава за кирија, но ако се изнајми нов стан, тогаш тоа веќе не е доволно.
Германија традиционално е земја закупец. Стапката на сопственост во Европа во просек изнесува 70 отсто, додека во Германија е само 46 отсто.
Во големите градови тој процент е уште помал, на пример, во Хамбург е околу 22 отсто, а во Берлин само 14 отсто.
Цените на недвижностите растат насекаде низ светот, институтот Ifo како и Институтот за швајцарска економска политика предвидуваат во студија дека во следните 10 години може да се очекува годишен пораст на цените на градежништвото за девет проценти.
За Германија се предвидува раст од седум проценти. Ако се земе предвид зголемувањето на каматните стапки за станбените кредити, сето тоа често го оневозможува купувањето на сопствен стан или куќа.