Кои регистарски таблички се забранети во Австрија

Забраната за издавање регистарски таблички со одредена комбинација на букви и бројки, не е нешто ново во Австрија. Уште од 1989 година, во оваа држава е забрането издавање на „лични“ регистарски таблички за возилата, со цел да се спречат неонацистите да стaват скриени и не толку познати кодови, поврзани со нивната екстремно десничарска идеологија.

Досега во Австрија беа забранети табличките на кои пишува „HJ“ (Hitler Jugend – Хутлерова Младина) или „NS“ (Национал социјализам).

Министерството за транспорт, во јули месец ја дополни оваа листа со нови знаци и симболи, откако беше објавено дека неонацистите сега имаат нова кодирана комуникација. Според новата листа, на табличките не смее да стои бројот „88“, затоа што зад него се крие нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“, бидејќи во латиничното писмо, буквата „H“ е осма по ред.

Забранети се и таблички со комбинацијата „1919“, затоа што ја означува озлоглсената нацистичка војска „СС“, а буквата „С“ е 19 по ред во латиничната азбука. Забранета е и табличка со бројот „420“, бидејќи зад неа се крие роденденот на Адолф Хитлер, 20 април. Во списокот влегуваат и ознаките „WAW” што е германска кратенка за „Бела ариевска војна“ или комбинација од латиничните букви „FG” (германска кратенка за роденден на фирерот).

Исто така, забранети се и регистарски таблички на кои пишува „IS“ (Islamic State) и „ISIS“ (Islamic State of Iraq and Syria), зад кои се препознава џихадистичката Исламска држава.

„Екстремната десничарска идеологија нема место во нашето општество“, изјави австрискиот министер за транспорт, Алоис Штугар. „Ваквата скриена комуникација, можеби делува наивно, но е голем проблем.“

Листата на забранети регистарски таблички во Австрија, постојано се ажурира. Новите ограничувања нема да важат за постојните регистарски таблички, туку само за новите. Но, важноста на табличките на возилата, истекува по 15 години во Австрија, по што оние што содржат забранети комбинации нема да бидат обновени.

Вакви комбинации на букви и броеви што содржат нацистички пораки, веќе се нелегални и во Германија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија