Видови визи за влез во Норвешка

Постојат повеќе типови на визи за влез во Норвешка, кои диктираат различни правила и услови:

Авионска транзитна виза 2 A  
Жителите од некои држави кои треба да направат попатно слетување во Норвешка на пат до држава која не е членка на Шенген Договорот имаат потреба од авионска транзитна виза. Оваа виза му дозволува на оној кој ја поседува да престојува во меѓународната транзитна зона на аеродромот, но не и да влезе во Норвешка.

Транзитна виза 2 Б  
Лицата подложени на обврската за виза кои имаат намера да патуваат низ една или повеќе Шенген држави можат да добијат транзитна виза која е валидна до пет денови. Ова важи само кога лицето влегува од држава која не е членка на Шенген Договорот и ќе излезе во друга држава која не е членка на договорот.
• Лица кои аплицираат за транзитни визи за Норвешка вклучуваат странски државјани подложени на потребата за виза кои имаат намера да патуваат од Свалбард до држава надвор од Шенген зоната. Исто како и за другите апликации за виза, и аплицирањето за  транзитна  виза треба  да  се  изврши  со пополнување на  соодветен  формулар  и поднесување на истиот до најблиската мисија во странство.
• Други лица кои може да имаат потреба од транзитна виза вклучуваат морнари кои треба да се пријават или одјават на брод во Норвешко пристаниште, или морнари кои ќе патуваат преку Норвешка до држава надвор од Шенген зоната.

Туристичка (Посетителска) виза Ц
Туристичка виза може да биде одобрена ако имате намера да патувате во Норвешка како турист, во семејна посета, на државна работа или службено патување, посета за студирање или друга дејност. Визата за Норвешка и Шенген зоната може да биде доделена за траење до 90 денови. Сепак, не смеете да престојувате во Шенген зоната подолго од 90 денови во текот на шест месеци. Ова значи дека секој престој во Шенген зоната во минатите шест месеци ќе биде земен во обзир кога се пресметува траењето на визата. Времетраењето на визата е наведено на лепенката за виза. На лепенката за виза е исто така наведен првиот датум за дозволен влез и последниот дозволен датум за излез. Најчесто се издава виза за еден влез. Ако лицето кое аплицира планира да патува надвор од Шенген зоната и да се врати повторно во неа во периодот на визата, мора да биде штиклирано квадратчето за „Два влезови“ или „Повеќе влезови“ на формуларот за аплицирање за виза. Оваа апликација мора да е придружена со објаснување зошто ви се потребни два или повеќе влезови. Ако се појави потреба за додатен влез после пристигнувањето во Норвешка, за тоа мора да се пријави преку полицијата на истиот начин како да аплицирате за продолжување на виза. Лицето кое аплицира мора да е во можност да достави потребна документација за потребата на  додатен  влез (пр.за  деловен  состанок,  или  за  посета  на  семејство  надвор  од  Шенген зоната). Визата не му овозможува на сопственикот да работи или да извршува било какви комерцијални потфати за време на неговиот престој. Лицата кои сакаат да работаат или да престојуваат подолг период во Норвешка мора да аплицираат за специјална дозвола за тоа. Лицата кои имаат  краткорочна  работа  во  Норвешка  (да  не  надминува  три  месеци)  нема  потреба  да аплицираат за работна   дозвола.

Виза за аплицирање/чекање за одлука за апликација за семејна имиграција Д
Ако сакате да добиете дозвола за семејна имиграција, според регулативите, мора да ја добиете вашата дозвола пред влезот во Норвешка. Сепак, во одредени околностиможете да влезете во Норвешка пред да ви е одобрена дозвола. Во ваков случај, вие мора да добиете влезна виза ако сте обврзани со такво барање. Таквата виза ќе се додели само во исклучителни околности. Следниве лица можат да аплицираат за влезна виза:
• Сопруг/а на норвешки граѓанин кој живее во Норвешка или планира да живее таму;
• Сопруг/а на нордиски граѓанин кој живеел во Норвешка во последните три години, и кога брачните партнери се во брак најмалку три години;
• Сопруг/а на странски државјанин кој има дозвола за населување, и сопружниците се во брак најмалку три години;
• Сопруг/а на странски државјанин кој има индивидуална дозвола за работа во група, и сопружниците се во брак најмалку три години.
Децата кои вие и вашиот брачен партнер ги имате заедно, и кои не се норвешки граѓани, мораат исто така да аплицираат за влезна виза. Децата на лицето кое аплицира со претходен партнер, а кои се заинтересирани за семејна имиграција мора да аплицираат од нивната матична држава.
Треба да знаете дека во ваков случај, нема да имате право на школување, изучување на норвешкот јазик или било какви други бенефиции додека чекате да се процесира примарната апликација за семејна имиграција. Вам, исто така, не ви е дозволено да работите додека се процесира апликацијата, освен ако ви е доделена привремена работна дозвола. Фактот дека ви е доделена влезна виза нема никакво влијание врз резултатот на апликацијата за дозвола за семејна имиграција.

Виза за лица кои добиле дозвола за престој или работна дозвола
Ако ви е одобрена дозвола за престој или работа во Норвешка, вие автоматски добивате дозвола за влез која ви овозможува да престојувате во Норвешка седум денови. Поради тоа, не е  потребно  да  аплицирате  за  таква  виза.  Во  седум дневниот  период,  вие  морате  да контактирате со полицијата за да добиете лепенка во вашиот пасош или патнички документ кој покажува дека имате дозвола за работа или престој во Норвешка.

Виза за барање работа во Норвешка (искусен работник/специјалист)
Ако се квалификувате како искусен работник/специјалист, вие можите да добиете виза ако имате понуда за вработување во Норвешка, или сакате да побарате работа таму. Барањата за таква виза зависат од тоа дали имате или не понуда за вработување. Ако немате понуда за вработување, вие можите да добиете виза ако имате обука еквивалентна на најмалку образование во виша школа. Ако постои понуда за вработување во Норвешка, следниве експертски области можат да бидат замени во предвид наместо формална обука:
• Курс или друг вид на обука во компанија во странство. За да добиете виза, обуката мора да обезбедува исто ниво на стручност како формалната професионална обука, и компетентноста мора да биде соодветна на работата која ќе ја вршите.
• Специјалистички квалификации кои се базираат врз практично искуство во одредено поле. За да добиете виза, практичното искуство мора да биде исто толку долго колку формалната  професионална  обука  која  се  врши  за  истата  експертска  област,  и стручноста мора да биде соодветна на работата која ќе ја вршите.

Национална туристичка виза
Во случај да не можите да добиете туристичка виза за целата Шенген зона, возможно е, во одредени околности, да ви се издаде национална туристичка виза. На лицето кое аплицира може да му биде одобрена виза која е валидна само за Норвешка само кога таква виза е потребна за хуманитарни причини, национална важност или меѓународни обврски. Во такви случаеви, Норвешкиот директорат за имиграција (UDI) одлучува за апликацијата, која треба да се поднеси во најблиската странска службена мисија, исто како кога се аплицира за било каков друг вид виза. Виза со ограничена територијална валидност може да биде издадена на лица кои аплицираат  со патнички документ кој не е валиден за влез во одредени Шенген држави. Одобрената виза е валидна само за државите во кои патничкиот документ е важечки.

Виза за итни случаи
На лица подложени на барање на виза кои пристигнале во Норвешка без виза може да им биде одобрена виза за итни случаеви ако постојат непредвидени и неодложни причини. Лицата кои се подложени на барање на виза кои пристигнале во Норвешка без валидна виза мора да контактираат со полицијата на граничниот премин за да аплицираат за виза за итни случаеви. Визите за итни случаеви можат да се доделат во исклучителни случаеви, изложени на строги критериуми. Како последица, многу лица кои пристигнуваат во Норвешка без виза се испраќаат веднаш надвор од државата. Примери на прифатливи околности:
•Кога ве известиле дека близок член од семејството во Норвешка страдал во сериозен несреќен случај, но норвешката странска мисија е затворена тој ден, и вие морате веднаш да заминете за Норвешка;
•Кога треба учествувате  во  настани  организирани во Норвешка и сте известени  во последен  момент,  но  норвешката  странска  мисија  е  затворена тој  ден, и  мора  од отпатувате за Норвешка веднаш;
•Вие  сте  морнар  кој  се  пријавува  или  одјавува  на  брод  во  Норвешки  води,  но норвешката странска мисија е затворена тој ден, и вие мора веднаш да отпатувате. UDI одлучува за апликациите за виза за итен случај, откога се контактирани од полицијата.
Визите за итни случаеви се издаваат како обични туристички визи ако барањата за вторите се исполнети. Ако барањата за обичните туристички визи не се исполнети, виза за итен случај може  да  се  издаде  како  национална  туристичка  виза, ако  одредените  околности така индицираат.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија