Како дел од европската иницијативата наречена „Агенда за нови вештини и работни места“, во 2010 година Европската комисија го започна проектот „Monitoring labour market developments in Europe“.
Идејата е да се истражува пазарот на труд во секоја држава одделно, а со тоа да се соберат информации за слободните работни места. European Vacancy Monitor претставува сеопфатен преглед на последните случувања на европскиот пазар на труд. Последните податоци за дефицитарните професии се објавени минатата година, а листата изгледа вака:
Велика Британија – инженери во автомобилската индустрија, електроинженери, инженери и техничари за енергетика, готвачи во јапонските и азиските кујни, болнички персонал, медицински сестри, ИТ работници, возачи на автобуси и големи камиони, социјални работници за работа со деца и семејства.
Шведска – сектори на производство, земјоделство, шумарство и градежништвото, ИТ работници, инжењери, експерти од областа на градежништвото, медицината, доктори, акушерки и медицински сестри.
Финска – квалификувани работници во секторот на услуги, медицински сестри и доктори, психолози и стоматолози, наставници, социјални работници, сметководители, продавачи и хигиеничари.
Словачка – работници во ИТ секторот, работници во областа на транспортот, комуникациски технологии и индустриското производство. Автомобилската индустрија и електротехниката се главните индустриски сектори.
Словенија – машински инжењери, електроинженери, ИТ, доктори и медицински сестри, софтверското инженерство, туристичката индустрија и возачи на камиони.
Швајцарија – хемиско производство, здравствена заштита и фармацевтската индустрија, како и за производство на машини. Недостатоците има и во градежништвото и медицинската нега (медицински сестри).
Романија – текстилната индустрија, градежништвото, продажба и магационери.
Португалија – сезонски работници во туризмот и земјоделството, лекари, ИТ работници, експерти за јазици.
Полска – веб дизајнери, софтверски инжењери за софтвер и администратори. Меѓународните компании бараат луѓе со познавање на различни јазици за да работат во агенции за консултантски услуги.
Австрија – електричари, водоводџии, ѕидари, столари, работниците во областа на туризмот, хотели и угостителство.
Норвешка – инжењери и специјалисти за ИТ, инжењери во нафтената индустрија и геологијата, здравствени работници (особено медицински сестри).
Холандија – трговски претставници (задолжително познавање на холандски јазик), електричари и монтажери, земјоделски работници и водоводџии.
Малта – наставници, продавачи, келнери, медицински персонал, градежни работници, хигиеничари и информатичари.
Унгарија – градежни работници, наставници, хотелски персонал и вработени во туристичката индустрија.
Луксембург – градежништво, хотели и ресторани, деловни услуги, индустрија, транспорт, здравство, социјални услуги, трговија на големо и мало.
Литванија – менаџери за продажба, агенти за осигурување, возачи на камиони, продавачи, градежници, келнери.
Лихтенштајн – квалификувани техничари и занаетчии.
Латвија – ИТ експерти, инжењери и високо квалификувани специјалисти во индустријата; Познавање на јазици: Летонија, англиски и руски јазик.
Кипар – касиери, келнери, пекари, кадар за згрижување на деца, високо квалификувани работници во областа на сметководството и финансиите, ИТ, телекомуникации и електротехника.
Исланд – ИТ професионалци, квалификувани работници во металната индустрија, заварувачи и доктори.
Италија – ИТ, производство, техничари во администрацијата, финансиите и банкарството, сезонски работници, медицински сестри.
Хрватска – работници во туризмот, лекари и медицински персонал; главно во руралните области и на островите се потребни туристички водичи и наставници по странски јазици.
Франција – туризам.
Грција – бродоградба и туризам, канцелариски персонал, сметководство, продавачи, градежни работници и лични услуги (фризери, готвачи и келнери).
Ирска – секторот за наука, инженери, ИТ, финансии, продажба и маркетинг.
Естонија – услуги, продажба, оператори на машини.
Германија – квалификувани техничари и инженери, градежни работници, медицински сестри и акушерки.
Данска – инжењери, лекари, психолози, ИТ, софтверски специјалисти.
Чешка – работници во угостителството, продажбата, безбедност, возачи на камиони, инжењери, техничари и оператори на машини.
Бугарија – услужен сектор, производството и земјоделството, туризам и угостителството.
Белгија – здравство, ИТ, наставници во основното образование, домашни работници, продажбата и канцелариски персонал.