Услови за работа како Au Pair во Норвешка

Кој може да работи како au pair? Условите се да имате над 18, но не повеќе од 30 години, и притоа да немате свои деца заради самиот тип на работа. Освен тоа, треба да биде веродостојно дека ќе се вратите во Вашата земја по завршување на договорот за работа.

Целта на Вашиот престој во Норвешка мора да биде културна размена. Токму поради тоа, ако некое лице во семејството-домаќин потекнува од иста земја како и Вие, тогаш ќе треба да одберете друго семејство. Но, сепак во некои случаи може да се направи исклучок.

Вие заедно со семејство каде ќе работите, треба да го потпишете Договорот на UDI кој можете да го најдете тука. Семејството домаќин мора да Ве третира како член на семејството – на пример, имате право на заеднички оброци со семејството, можете да ги придружувате на одмор, излет и слично. Притоа, треба да добиете своја соба за престој, а семејството може да има само еден au pair во исто време.

Ваша задача ќе биде да ги исполнувате домашните обврски, да се грижите околу децата, како и домашните миленици. Работното време не треба да надминува пет часа на ден, а максималниот број на работни часови неделно е 30. Вие не смеете да работите повеќе од 30 часа, дури и за поголема плата. Паричниот надомест треба да изнесува најмалку 5,400 NOK месечно, без оданочување. Иако законски ова не се смета за плата, сепак ќе биде предмет на оданочување.

Имате право на вкупно 25 работни дена годишен одмор. Дури и ако не сте работеле како au pair за целата календарска година, имате право на целосен одмор ако сте почнале со работа не подоцна од 30 септември. Ако сте почнале да работите по 30 септември, ќе имате право на одмор од шест работни дена. Истите правила важат ако сте го смениле семејството-домаќин.

Семејството домаќин мора да се осигура дека ќе го направите задолжителниот тест за туберкулоза веднаш штом ќе пристигнете во Норвешка. Притоа истото треба да ги покрие потребните патни трошоци во врска со Вашето враќање. Ова нема да важи доколку го продолжите престојот во Норвешка по завршување на договорот, или ако сакате да патувате во некоја друга земја.
Семејството домаќин треба да извади осигурителна полиса за Вас.

Вие не смеете да отпатувате во Норвешка и да почнете со работа, додека не ја добиете дозволата. Ова важи дури и ако само сакате да одите на одмор или да се запознаете со семејството-домаќин пред да започнете со работа. Може да Ви биде доделена au pair дозвола со времетраење до две години, но не подолго од договорот период.

Доколку сакате да дознаете како да аплицирате за Au Pair дозвола, а притоа имате македонски пасош, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија