Вработување во геријатриски центар во Германија

Потребен е медицински персонал за проширување на тимот во геријатриски центар во Бернбург, Германија.

Потребни квалификации
Завршена обука за медицинска сестра, искуство од минимум 1 година. Исто така, потребна е психичка цврстина, емпатија и голема одговорност во работата.

Работата е во смени и се состои од следното: амбулантско лекување; третман за нега по SGB V и SGB XI; нега на стари, болни и изнемоштени лица; основна грижа и поддршка.

Работни услови
Постојано вработување,  40 часа неделно. Работното време е од 6:30-09:30 во смени. Можно е и скратено работно време.

Работодавачот е заинтересиран за ангажирање странски работници. Ќе добиете помош при наоѓање сместување. За тест периодот е обезбеден престој. Со цел да добиете доволно познавање на германскиот јазик, работодавачот лично ќе биде ангажиран да најдете соодветни курсеви.

Потребни документи за аплицирање
Кратка биографија, фотографија, сертификати, возачка дозвола Б категорија.

За да го видите целосниот оглас, кликнете тука.

За да го посетите официјалниот сајт на центарот, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија