Кои се најчистите градови во светот?

Казни, јавно понижување и граѓански иницијативи – секој град на различен начин се справува со градската нечистотија. Но, дали свеста кај граѓаните или строгите закони се рецепт за чист град?
Дефиницијата за чистота е различна во различни делови од светот. Во Кина можете да видите луѓе кои плукаат на улица, а во Африка има изобилство на скршени садови оставени да скапуваат покрај патиштата. Додека пак Монако, обезбедува бесплатни кеси за да го соберете изметот од вашето куче.

Според истражувањето спроведено од консултантска компанија Mercer Global, најчист град во светот е Калгари во Канада, а по него следат Аделаида во Австралија, Хонолулу, Минеаполис и Кобе во Јапонија.

За некој кој често патувал низ Европа, ќе биде чудно тоа што ниту еден швајцарски град не е рангиран меѓу првите 10. Mercer Global со години го оценува Цирих како втор најдобар град по квалитетот на животот, но овојпат не се најде меѓу првите според чистотата.

Истражувањето е спороведено според неколку критериуми: достапност и чистота на водата, отстранување на сметот, квалитет на канализацискиот систем, загаденост на воздухот и сообраќаен метеж. Интересно е тоа што ѓубрето фрлено на улица, кое обично се смета за показател за чистота, воопшто не е земено предвид како фактор при истражувањето.

За волја на вистината, Калгари е град чија чистота ќе ја забележите и на улиците. Тука се наплаќаат казни од по илјада долари за фрлање на догорчиња од цигари или хартии фрлени низ прозор од автомобил. Но, на истражувањето доби толку висока оценка бидејќи самиот град многу вложува во екологијата.

Сепак, кога станува збор за вложувањето напор, беспрекорниот Сингапур навистина треба да се пофали за начинот на кој ја одржува чистотата. Уште во 1960 година, премиерот Ли Куан Јеу воведе строги казни, кои сè уште се во сила. Во Сингапур фрлањето отпад се казнува со 1000 долари за прв прекршок, а секоја наредна казна се зголемува и може да достигне висина од дури 5000 долари. Доколку се случи некој по трет пат да биде казнет, може да осуден на јавен срам и да носи табла на која пишува „Јас фрлам ѓубре на улица“.

Спротивно на Сингапур, Кигали, престолнината на Руанда, се најде на оваа листа и покрај тоа што нема толку строги казни. Во овој град тревниците на кружните текови се толку убаво уредени, што многу брачни двојки ги прават свите фотографии токму на тоа место.

Ако Сингапур е доказ дека чистотата може да се постигне со строги закони, Кигали и Дар ес Салам се дефинитивно доказ дека свеста кај луѓето може да го направи градот чист.

А вака изгледа листата на десетте најчисти градови во светот:
10. Фрајбург, Германија
9. Осло, Норвешка
8. Хелсинки, Финска
7. Велингтон, Нов Зеланд
6. Копенхаген, Данска
5. Кобе, Јапонија
4. Минеаполис, САД
3. Хонолулу, Хаваи, САД
2. Аделаида, Австралија
1. Калгари, Канада

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија