
Британците оваа година имаат типично лето – многу дожд, ветер и студ. Додека се спремаат за летен одмор, улиците низ Британија се поплавени, а метеоролозите предупредуваат дека можни се уште посилни врнежи на дожд.
Според прогнозите, одредени делови од Велика Британија ќе имаат дожд цели 5 недели. Ова прави големи проблеми во сообраќајот. Пред неколку дена, во Девон и Корнвол се случија 6 сообраќајки во рок од 30 минути.
Голем дел од Британците веќе заминуваат на летен одмор, некаде на југ. „Оние што живеат тука, навикнати се на вакво време и во текот на летото. Ама сите сакаме малку сонце и преку глава ни е од дожд и ветер.“ вели Џорџ.