Струмичанец кој живее и работи во Швајцарија, денеска во порака ни испрати фотографија на моменталните цени на горивата таму и направи споредба со стандардот овде и таму.
„Еве фотографија од моменталната состојба на цените во Швајцарија на горивата. Овде на 250.000 денари плата, бензинот е близу 120 денари, а во Македонија на 18.000 денари плата, бензинот близу 100 денари. Весела математика“ – вели тој за Струмица Денес.
Инаку, во моментот малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар. Утре се очекува нова цена на горивата во Македонија.