Македонија на врвот на листата на депортации од Германија

Во првите шест месеци од годинава близу 10.000 луѓе биле протерани од германија, а македонските државјани се на врвот на листата земји од кои потекнуваат депортираните, објави Дојче Веле.

Според податоците кои потекнуваат од германското федерално Министерство за внатрешни работи, најголемата група на депортирани по националност биле 915 турски државјани, потоа 839 Грузијци, 774 Македонци, а потоа се 675 Авганистанци, 585 Албанци и 534 Сиријци. Бројот на депортирани лица како што се наведува во извештајот расте од година во година.. 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија