Македонска забава во Швајцарија: Кога пее Спасен сите играат, нема седење !!!

Кој вели дека со македонска музика не можат да се урнат рекорди?

Неверните Томовци уште еднаш ги демантираше фолкерот Спасен Силјаноски кој викендов имаше и повеќе од успешен настап во Швајцарија, патем рекорден по многу нешта.

Но да почнеме од почеток. Од приемот, поминот и целата организација од страна на здружението Изведен Ораовица, не е задоволен само Спасен, кој и јавно се заблагодари за се на социјалните мрежи, задоволни се и нашинците, кои ги имало во рекорден број.

Судејќи според досегашните слични забави домаќините очекувале 400-500 гости, бројка со која би биле задоволни, но Спасен ги надминал очекувањата и на едно место собрал три пати повеќе гости.

Освен луѓе од цела Швајцарија имало нашинци кои живеат и во Италија, Германија…

„Пееше без престан 7 часа, исклучиво македонска музика и ниту една песна не повтори“, велат задоволните гости, а за што сведочат и објавите на социјалните мрежи.

Фолкерот, пак, скромно ги потврди нашите сознанија и само кусо ни рече: „Кога мојата публика е задоволна и среќна, јас сум уште позадоволен и посреќен.“

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија