Малку мотивација

Во денешно време кога наоѓањето на работа е навистина тешко, во прилог Ви даваме 20 цитати кој навистина не би Ве оставиле рамнодушни и би ве поттикнале уште денес да започнете со барањето на работа!

1. Падни седум пати, стани осум пати. – Јапонска поговорка

2. Никогаш не го оставај за утре тоа што можеш да го направиш денеска. – Томас Џеферсон

3. Оние што не учат од минатото се проколнати да го повторат. – Џорџ Сантајана

4. Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа. – Еленор Рузвелт

5. Луѓето кои не се способни да се мотивираат себеси, се проколнати да живеат во медиокритет, без разлика колку добри таленти имаат. – Ендрју Карнеги

6. Дефиницијата за лудило е да го повторуваш едно исто постојано, а секогаш да очекуваш исти резултати. – Бенџамин Фреклин

7. Пронајди во што си најдобар и во што најмногу уживаш, а потоа најди некој да ти плати за тоа. – Кетрин Вајтхорн

8. Битна работа во успехот е самодовербата. Битна работа во самодовербата е подготовката. – Артур Аш

9. Успехот се состои од одење од еден до друг неуспех и негубење на ентузијазмот. – Винстон Черчил

10. Сигурно е 100% дека нема да успееш ако не пробаш. – Вејн Гретцки

11. Големите работи обично им се случуваат на луѓето кои имаат способност да ги надминат малите проблеми. – Ралф Емерсон

12. Секој ден прави барем една работа која те плаши. – Еленор Рузвелт

13. Не се плаши од неуспех. ОК е да не успееш. Ако не научиш да паѓаш, никогаш нема да научиш да стануваш. – Стенли Џуд

14. Ризикувај. Ако успееш, ќе бидеш среќен, ако не успееш, барем ќе научиш. – Непознат автор

15. Кога една врата се затвора, секогаш друга се отвара. Но ние премногу време трошиме на жалењето кон затворената врата и не ја гледаме отворената. – Александар Грахам Бел

16. Одберете работа што ќе ја сакате – и нема да морате да работите ниту ден повеќе во животот. – Конфучие

17. Никогаш не е предоцна да бидеш она што си можел да бидеш. – Џорџ Елиот

18. Ако не ти се допаѓа нешто, промени го. Ако не можеш, преомени го твојот однос кон него. – Маја Ангелу

19. Сè што ќе те прашаат дали знаеш да го работиш, кажи – Се разбира дека знам! Потоа најди начин да научиш и да го сработиш. – Теодор Рузвелт

20. Немој да ми кажуваш дека небото е граница, кога на Месечината има отпечатоци од стапала. – Непознат автор

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија