Младите Македонци, солунските атентатори, гемиџиите, само неколку месеци пред настаните во Солун, во Париз, во една мала коноба, со симпатично име „Утро“ на убавата сопственичка и ја пееле „Налеј, налеј меанџико“.
Меанџиката, подоцна стаписана од нивните подвизи и нивната смрт, тажна за нејзините македонски пријатели не се омажила никогаш и починала во 1939 година, носејќи го споменот за нив.
Приказната за мадам Мадлен и Солунските атентатори, случајно раскажана од една млада Мароканка, се најде во книгата на пензионираниот новинар Никифор Смилевски.
Париз. Март 1903 година.
– Мадам Мадлен, наточи еден бокал вино, од тоа бордото- подвикнува група од неколку момчиња седнати на маса во мала тесна коноба во Париз. Преноќиште со провокативно име „Лматен“ или „утро“ на француски. Вкусните чорби, пансионот и убавата сопственичка Мадлен се магнет за младите гости од Балканот кои често навратуваат во „Л
матен“ при нивниот престој во Париз.
– Ќе ви наточам вино, ама ако ја запеете онаа ваша песна, што е и моја и ако ми ја посветите мене“ – одговара провокативната мадам Мадлен, која е сопственичка и во исто време ги послужува гостите во „Л`матен“.
Не чекаат да им се каже два пати, екнува текстот на песната: „Налеј, налеј (меанџико) Мадлен од црното вино….И ние право имаме да живеејме“…
Стразбур, Франција. Крајот на 90-тите години на минатиот век
Случајна средба на велешанецот Веле Алексовски, професор по француски јазик со Жан Бернанже, млада Мароканка. Сосема случајно, двајцата требало да магистрираат на различни теми, но кај исти професори. Веле, на тема за „Македонскиот народ и македонското прашање во Првата светска војна“, а Бернанже на тема „Мароканските војници во првата светска војна во Македонија“.
Својата тема, Бернанже ја подготвувала во Париз, отседната во еден мал пансион, со име „Л`матен“ или „утро“ на француски.
Но, велешанецот Алексоски се заинтересирал од каде и е идејата на Жан за Македонија, за мароканските војници кои биле дел од француските војски во првата светска војна, како и тоа, дали била Македонија?
Жан Бернанже не била никогаш во Македонија, но како што му објаснила, знае една многу интересна песна и легенда за Македонија што и ја раскажал стариот меанџија во Париз додека го подготвувала трудот. Приказната за големата љубов на неговата тетка, мадам Мадлен, сопственичка на пансионот, која не се омажила никогаш, починала во 1939 година, но која постојано ги споменувала велешките гемиџии и тажно ја потпевнувала песната: „Налеј, налеј меанџико, од црното вино“.
Според записите што ги направил пензионираниот велешки новинар Никифор Смилевски во неговата книга: „На Којник дуќан да имам“, меѓу мадам Мадлен, сопственичка на преноќиште и кафеана и велешаните од „анархистичките“ групи „гемиџии“ кои ја минирале банката во Солун, го кренале во воздух бродот Гвадалкивир и на тој начин, светот слушал за теророт што го вршела турската империја врз христијанското население.
Никифор Смилевски, во неговата туку што издадена книга, ја запишал следнава приакзна:
– Токму една таква мартовска ноќ (во 1903 година) бргу им изминуваше на групата млади луѓе. Во задимениот воздух се мешаа миризбата на јадењата, цигарите, извиците и песните што ги пееја пансионските гости. Меѓу масите и столовите умешно се провлекуваше симпатичната фигура на сопственичката која истовремено ги служеше гостите.
– Ех, колку е добра оваа мадам Мадлен. Да не се големи нашите идеали и обврски би останал засекогаш во овој голем град, што има душа како и нашиот народ. Вака велеше младиот господин со широки мустаци и бујна коса, кој во малиот џеб од палтото уредно имаше ставено бело шамиче, гледајќи ја притоа складната фигура на Мадлен што се приближуваше кон шанкот со пијалоците.
– Имаш право, се надоврза црномурестото момче до него, кое имаше патец во косата и мали тенки мустачиња. Овде е навистина добро, луѓето се слободни и весели а таму кај нас во Македонија очај и беда, неправди. Се изживуваат Турците врз нашите луѓе. Затворите се преполни, а казните ако не се даде рушвет се доживотни. Во нашата метропола, во Солун, во споредба со Париз како да е запрено времето. Туку, ние таму ја привршуваме работата.
Тунелот речиси го ископавме до банката. Со нашите акции ќе ја потресеме Турција и европскиот капитал. Добро им е овде во Франција и не сакаат да слушнат за нашите маки и беззаконието што владее.
И додека младиот „гемиџија“ со лутина раскажувал за маките на Македонците, мадам Мадлен се вратила со бокал вино, ги послужила, но им рекла дека сега ним им е редот, да и ја испејат омилената песна. Песната што и се допаѓала на меанџиката.
Па така, се зачуло на француски: Nous some les enfant de la Macedoin а еден од групата извикнал: -Така е, ние сме деца нанашата земја по што почнале да ја пејат песната на македонски: и ние имаме право да живееме, парола ни беше смрт или слобода, слобода за Македониија!
Така, рефренот: Налеј, налеј, го пееле развлечено, наместо меанџике додавале Мадлен, а потоа го забрзувале ритамот кога ја потпевнувале: слобода немавме, правдинни никакви, кога баравме в затвор се најдовме!
И така, пеејќи ја песната, групата млади Македонци, побарале да им се придружи мадам Мадлен, за последен пат да и ја отпејат песната.
На нејзиното прашање, зошто за последен пат, и било одговорено дека заминуваат за Македонија, да го извршат нивното дело, да се слушне гласот на поробена Македонија.
– Тоа што ќе го изведеме ќе се слушне во Европа и во Франција- и порачале младите македонци на французинката.
Таа им одговорила дека нема да го заборави нивното пријателство и со срце ќе ги чека повторно да се вратат.
Но, од таа мартовска вечер поминале повеќе од два месеци, мадам Мадлен постојано мислела на нејзините пансионски гости, на македонците, и за нивните пораки дека за делата ќе слушне цела Европа.
Читајќи ги секојдневно весниците, Мадлен дознава за атентатите во Солун, за бродот „Гвадалкивир“ за Банката. Кога се фатени четворица одатентаторите се дознала и приказната дека тие не сакале да повредуваат луѓе, туку да го свртат вниманието на состојбата во Македонија.
– Во душата на Мадлен како да се вгнезди некое студенило кога дозна за извршените атентати во Солун. Со денови ги купуваше и читаше весниците. Може ли тоа да се нејзините пријатели? – запишал Никифор Смилевски, во книгата.
За да ја дознае вистината и да се оттргне од црните мисли, мадам Мадлен одлучила да му напише писмо на францускиот конзул во Солун и го молела да и одговори дали атентаторите се момчињата што ги познавала. Ги опишала нивните ликови и имињата што ги знаела.
Набргу добила писмо, кое треперејќи додека го читала, едвај изговорила „тие се“. Францускиот конзул ја потврдил информацијата.
– Пред неа се појавија нивните ликови од последната вечер мината со нив. Од далеку и одѕвонуваа нивните гласови, нивната омилена песна. На својот млад помошник едвај му одговори да и наполни чаша од црното „бордо“. Ја подигна до усните што играа.
– Момци, пијам во ваша чест и за вашата Македонија. Секогаш ќе ве почитувам и никогаш нема да ве заборавам. Ќе живеете со мене, а јас со спомените заВас.
Како да ја слушна песната и незаборавниот рефрен: „Налеј, налеј Мадлен“. Црното вино и јараспара душата. Се разлеа голема, тешка тага во градите на Мадлен. Тага за навек.
Според приказната раскажана од мароканката Жан Бернанже, стариот меанџија, внукот на мадам Мадлен рекол дека Мадлен останала на своето ветување дека никогаш нема да ги заборави и секогаш ќе ги почитува и сака нејзините Македонци. Умрела пред почетокот на Втората светска војна, во 1939 година. Никогаш не се омажила. Гостите ја познавале како дамата што не се насмевнува.
Солунските атентати биле серија бомбашки напади во Солун, извршени од 28 април до 1 мај 1903 година, од страна на Гемиџиите, анархистичка револуционерна група. Целта на овие напади била да се нападне најзначајниот европски град во османлиската Империја за да се привлече вниманието на големите сили врз македонското прашање. Во изведувањето на Солунските атентати учествувале десетмина гемиџии: Јордан поп Јорданов – Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов, Георги Богданов и Цветко Трајков.