Добра вест за сите кои бараат работа во Германија!

Германскиот Бундесрат денеска даде согласност за продолжување на т.н. Западнобалканско правило, кое истекуваше на крајот на годинава.

Граѓаните на Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, ќе можат, независно од формалната квалификација што ја имаат, да се доселуваат во Германија со цел да работат до крајот на 2023 година.

Западнобалканското правило, кое првично истекуваше на крајот на годинава, сега е продолжено за две години, но добива ограничување во делот на бројот на лицата кои на овој начин може да влезат и работат во Германија, и тоа на 25.000 годишно.

Германската влада оценува дека потребата од работници од Западен Балкан е голема, особено во градежништвото.

Сојузната агенција за работа мора да даде согласност за работа на одредено лице. Таа проверува дали за одредено работно место има на располагање германски работници или работници од земјите од ЕУ, како и дали постојат еднакви услови за работа како и за Германците.

Во 2019 година властите издале 27.259 визи поврзани со Западнобалканското правило. Агенциите за работа, меѓутоа, дале согласност за работа за повеќе од 62.000 лица. Времето на чекање на визите е долго.

Пратеничката на Зелените, Филиз Полат, ја критикуваше новововедената граница: „Иако очигледно постои потреба, има вештачко ограничување кое не може рационално да се објасни“, вели таа.

Бундесратот денеска го задолжи и Министерството за труд и социјала да продолжи со евалуација на Западнобалканското правило за периодот од јануари 2021 до декември 2023 година. Притоа се бара посебно да се продлабочи анализата на прашањето за вработувања со соодветна квалификација, како и квалитетот на условите за работа. Исто така, треба да се набљудува и како работниците се интегрираат во општеството.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија