Доколку летово патувате низ Шведска, сметајте дека ќе имате помали трошоци за превоз. Имено, во понеделникот шведските компании ги намалија цените на горивото. Безоловниот бензин е намален за 0,10 круни, со што сега ќе ве чини 14,49 круни по литар.
Поради зголемената побарувачка заради летните одмори, поверојатно би било покачување на цените. Но, благодарение на цената на суровата нафта, најверојатно цените на горивото на пумпите во Шведска ќе останат пониски од вообичаените за летната сезона.
Улф Сван кој е претседател на SPBI, изјави дека не очекува поскапување на горивото, освен ако не се случи нешто непредвидено.
Секако, падот на трошоците за бензин, најверојатно ќе помогне и во привлекувањето на странски туристи, и покрај студеното време во Шведска.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска