Париз има најлоши јавни тоалети?

Париз – градот на светлината, романсата и… најлошите јавни тоалети! Париз можеби навидум е еден од најпрекрасните градови на светот, но состојбата на тоалетите во јавните објекти, навистина ја уништува сликата за престолнината на Франција.

Неодамна француското министерството за земјоделство објави мапа со обележани ресторани на кои им се доделува „златна ѕвезда“ за одржаната хигиена. Но, на оваа мапа се најдоа и угостителски локали кои се срам за Париз поради нечистотијата на тоалетите.

Кога одите во тоалет во кафуле или ресторан во Париз, не можете да бидете сигурно што ве очекува. Во повеќето јавни толети нема wc школки, некаде вратите не можат ни да се затворат, а уште помалку да се заклучат. Освен тоа, туристите најмногу се жалат заради тоа што во Париз ретки се тоалетите за инвалиди, а исто така нема ни маси за повивање бебиња.

„Парижаните како да не се грижат за одржување на хигиената. Можете да влезете во кафуле или ресторан кој делува пристоен, но ќе го смените впечатокот штом ќе влезете во тоалетот“, изјавил еден британски турист.

paris-toaleti

HiP-Paris-Blog-designwallah-and-c-reel-Toilettes

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија