Најбезбедната земја во светот во случај на нуклеарна војна: има засолништа за сите жители

Швајцарија е единствена во светот што има доволно засолништа од нуклеарни напади за да го смести целото население.

Во времето на Студената војна, неутралната Швајцарија многу сериозно ја сфати заканата од нуклеарен напад.

Во 1963 година таа се обврза да обезбеди бункер за секој граѓанин во кој ќе се засолни во случај на нуклеарен напад.

Тоа право е запишано дури и во Уставот на земјата. Во практика, кога се градат нови куќи и станови без бункер, сопствениците треба да ѝ плаќаат даноци на општината за да обезбедат место во засолниште за цивилна одбрана.

Швајцарија е единствена што има доволно засолништа од нуклеарни напади за да го смести целото население, доколку некогаш биде потребно.

Извор: 6yka.com

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија