
Во близина на Бодо во северниот дел на Норвешка, се наоѓа најголемата сауна во светот која има капацитет за 100 посетители. Покрај спектакуларните погледи кон морето, посетителите можат да уживаат и во културни настани, галерија, музика и различни перформанси.
Агора сауната се наоѓа во Арктичкиот круг и првично беше отворена за проектот SALT festival of art. Целта на овој уметнички проект беше да се долови животот на Арктикот.
Сауната ќе биде отворена до септември.