Најдобри европски плажи за 2022

„Заборавете на одморот во Шпанија и Грција. Црна Гора е токму државата која што ја поседува најдобрата европска плажа“, пишува веб страницата Lonely Planet.

Европа е дефинитивно благословена со многу прекрасни плажи, а токму нивната уникатна убавина е она што ги раздвојува едни од други. Од оние кои можат да им конкурираат и на карипските плажи, до такви кои претставуваат уникатна колизија помеѓу морето и копното.
Без разлика дали сте во потрага по плажа за сурфање или место каде што сакате да одморите со вашите најблиски, секако една од овие плажи ќе ги задоволи вашите критериуми за најдобра плажа која дефинитивно вреди да се посети.

1. Плажата Јаз, Црна Гора

10-evropski-plazi-lonely-planet-01
Ако сте во потрага по возбудлива осаменост, можеби и не е нужно оваа плажа да биде вашиот прв избор – но ако сакате вашиот одмор да го зачините и со малку авантура, културни случувања и многу забава, тогаш песочниот Јаз во Црна Гора е одлично место кое вреди да го посетите. Ова лето плажата Јаз ќе биде и домаќин на вториот Sea Dance Festival кој ќе се одржи од 15-ти до 18-ти јули. Како бонус на оваа локација е и непосредната близина на градот Будва, кој што веб страницата Lonely Planet го опишува како мини-Дубровник со исклучиво шармантен Стар град. За адреналинските зависници добар предлог е и рафтингот на Тара или параглајдингот над планината Ловќен.

2. Пениш, Португалија

10-evropski-plazi-lonely-planet-02
Пристаништето Пениш и истоимената плажа е дефинитивно најпозната во Европа помеѓу сурферите. А таа и оваа година е домаќин на една од само двете европски постојки од Светското првенство во сурфање (од 20-ти до 31-ви октомври). Но, овој солиден предел вреди да се посети дури и ако со вас не планирате да понесете даска за сурфање.
И додека искусните сурфери веројатно ќе се упатат кон западниот брег, за кој што се карактеристични големите бранови кој се речиси совршени за сурфање, за почетниците, но и за оние кои што се во потрага по семејна плажа, се препорачува плажата Белиал.
За љубителите на историјата одличен избор за прошетка е и старот градски центар на Пениш во кој се зачувани и неколку цркви, како и тврдината Пениш која била изградена во 16-тиот и 17-тиот век, а која во 20-тиот век служела како локација за политичките затвореници.

3. Плажата Рондинара, Корзика, Франција

10-evropski-plazi-lonely-planet-03
Овојпат започнуваме со фактот дека Рондинара е буквално во секоја смисла неоткриена. Во екот на сезоната тука се закотвуваат бројни луксузни пловила, додека на белите песочни плажи се забележуваат бројни згодни и исончани тела, туристи кои претежно доаѓаат од Франција. Корзика исклучително внимателно ги чува своите плажи, а оваа плажа според ништо не е исклучок при што од далеку изгледа како скапоцен син камен поставен покрај црвеникави карпи.
Оваа плажа е поволна и за семејно уживање со мали деца, а има и голем паркинг простор за сите еднодневните посетители.

4. Кале Голорице, Сардинија, Италија

10-evropski-plazi-lonely-planet-04
Совршените плажи на Сардинија доаѓаат во повеќе различни форми. Но, токму поради нејзината кристална убавина, само неколку места можат да му конкурираат на Кале Голорице, која претставува минијатурна плажа која е распослана на мали бели камчиња и која е дел од серијата од плажи во заливот Оросеи.
Можеби не е класична плажа како оние кои што најчесто ги гледаме на постерите, со свилен и мек песок, но нејзината привлечност лежи во драмата која што се случува на нејзината поставеност и судирот со тиркизните води.

5. Плажата Вик, Исланд

10-evropski-plazi-lonely-planet-05
Црниот песок на оваа плажа инстантно ќе ве присети на приказните за троловите и морските чудовишта. Плажата Вик е всушност антитеза на своите колеги од Карибите. Сместена е во најјужниот дел на Исланд и претставува вулканска плажа, која буди готски чувства.

6. Плажата Бантам, Англија

10-evropski-plazi-lonely-planet-06
На северо-западниот дел од Англија се поставени повеќе убави плажи, но нивниот најголем ривал е токму плажата Бантам која е сместена западно. Сурферите ќе ги обожуваат нејзините бранови, семејствата ќе го обожуваат нејзиниот песок и карпестите базени, а пешаците ќе уживаат во пејзажот пред нивните очи.

7. Заливот Сендвуд, Шкотска

10-evropski-plazi-lonely-planet-07
Оваа плажа можеби и не е така совршена за оние кои што уживаат во капењето, поради екстремно студените води, но ако сакате да уживате во пејзажот и драматичната средба на земјиштето и водата, Заливот Сендвуд е дефинитивно одлична идеја за да си ги наполните батериите.
Да се стигне до таму е и половина од забавата. Плажата е на четири километри пешачење од најблискиот пат, а по патот ќе ве пречекаат и впечатливи тревни песочни дини.

8. Кала Макарела, Менорка, Шпанија

10-evropski-plazi-lonely-planet-08
Балеарските острови се често неправедно прескокнати од страна на љубопитните туристи, како за кратка обиколка, така и за семеен одмор. Но Менорка – срамежливата мала сестра на Мајорка, не само што е совршена за семеен одмор, туку и ќе ви понуди и фантастични плажи, резорти и вода која е како створена за авантуристичко нуркање. Токму плажата Кала Макарела може да се смести помеѓу најубавите европски плажи.

9. Вутуми, Антипакси, Грција

10-evropski-plazi-lonely-planet-09
Дали до сега сте успеале да ги запознаете повеќето грчки острови? Антипакси е многу мал остров сместен во Јонското море и ако досега не сте слушнале за него, тогаш тој за вас би бил едно вистинско пријатно изненадување, понудувајќи ви ги своите прекрасни плажи, какви што веројатно до сега можеби и не сте виделе на останатите грчки острови.
Ако можеби летово одите да го посетите Крф, тогаш до Антипакси може многу лесно да стигнете така што најпрво со хидрофоил ќе стигнете до Пакси, а потоа ќе продолжите со такси-чамец кој ќе ве одведе до малиот остров кој е опкружен со бели песочни плажи, диви цвеќиња, маслинки и секако, тиркизно море.

10. Curonian Spit, Литванија

10-evropski-plazi-lonely-planet-10
Одвојувајќи го Балтичкото Море од заливот Curonian, која се протега од Литванија до Русија, ова парче земја е едно од оние на кое што може да уживате покрај бескрајната и недогледна плажа.
Но, самиот брег и не е така спокоен, а поради своето опкружување од дивите пасишта и воопшто, дивиот свет, важи за вистински рај за љубителите на природата и животинскиот свет, особено птиците.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија