На Германија и недостигаат 100 000 шофери на камиони.

Германските шпедитерски здруженија денес предупредија на можен недостиг во пресрет на претстојните божиќни и новогодишни празници поради недостаток на возачи на камиони.

– Апелираме до граѓаните што порано да испратат пакети со подароци, бидејќи може да дојде до доцнење на испораките во декември – изјави Дирк Енгелхард, портпарол на Федералната асоцијација на шпедитери и логистика, пренесува „Билд“.

Енгелхард објасни дека се повеќе Германци купуваат преку интернет и дека во исто време трговците на мало нарачуваат повеќе стоки од вообичаено во декември, што може да доведе до доцнење на испораката. Во исто време, обемот на стоки во 2024 година е зголемен за 14 отсто во однос на минатата година.

Тој предупреди дека може да има недостиг во Германија слични на оние што ја погодија Велика Британија по Брегзит.

  • Во моментов ни недостасуваат 100.000 возачи. Над 30.000 возачи секоја година заминуваат во пензија, а помалку од половина од тој број влегуваат на пазарот на трудот – рече Енгелхард.

Портпаролот на германските шпедитери изјави дека германските работодавци во меѓувреме прават се за да ги привлечат возачите.

  • Во меѓувреме, многу возачи се во позиција да го изберат возилото, опремата на возилото, рутите и клиентите. Работодавците прават се за да привлечат возачи – вели Енгелхард.

Тој ги критикуваше и скапите возачки дозволи во Германија, кои со просечни 10.000 евра се многу поскапи отколку во остатокот од Европската унија, каде што слична дозвола чини околу 3.000 евра.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија