Луѓето кои на германските аеродроми пристигнуваат од држави кои не се членки на ЕУ се враќаат назад веднаш. Бројот на оние кои во Германија дошле до денеска изутрина не е голем.
На патниците им се укажува дека ЕУ забрани влез за лица кои се државјани на земји кои не се дел од Унијата. Забраната важи 30 дена. Граѓаните кои немаат пасош од земја членка на ЕУ, но имаат дозвола за престој и живеалиште во Унијата, не се опфатени со забраната.
Портпарол на германската полиција на аеродромот во Франкфурт изјави дека бројот на оние кои мора да се вратат со наредниот лет не е голем. „Сѐ уште доаѓаат луѓе, но постои прегледност“, изјави портпарол на аеродромот во Минхен. Тој додаде дека се работи за низок двоцифрен број на патници кои во време на носење на одлуката веќе биле во авион на пат за Минхен.
На аеродромот во Франкфурт полицијата до изутринава изброја нешто повеќе од сто патници на кои не им е дозволен влез во Германија. Се очекува во текот на денешниот и утрешниот ден веќе да не доаѓаат граѓани од држави кои не се членки на ЕУ поради тоа што авиокомпаниите на аеродромите веќе нема да земаат патници без дозвола за патување.
Извор: Dw.de