Недостиг на машиновозачи во Швајцарија

Според швајцарскиот весник „Neue Zürcher Zeitung“, Швајцарската железница веќе подолго време се соочува со недостиг на машиновозачи, за што е подготвена да вработува и странци.

Податоците велат дека во одредени области недостасуваат и по 50 машиновозачи дневно, поради што персонал се регрутира од странство, пред сè од Германија.

За да се преброди тој недостиг, Швајцарската железница има намера да врати машиновозачи кои веќе се во пензија.

Како главна причина за недостиг на овој кадар, се смета тоа што секој година се обучуваат помалку работници од потребното.

Затоа, железницата оваа година планира наместо потребните 107, да обучи 169 машиновозачи.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија