Недостиг од 50.000 работници во Нов Зеланд

Нов Зеланд кој е во полн економски раст, а чиишто граѓани полека се иселуваат за да запознаат нови делови од светот, има голема потреба од странски работници.

Еден од учесниците на претстојниот Саем за вработување во Сиднеј од Нов Зеланд ќе претстави 1.200 испразнети работни места, пренесуваат белгиските медиуми.

Оваа земја е една од државите во светот, во која граѓаните имаат највисок животен стандард.

Но, во наредните две години ќе има потреба од над 50.000 странски работници. Најдефицитарни кадри се градежни работници, инженери, здравствени работници и информатичари. Најголем адут е квалитетот на животот.

Во октомври минатата година, се доселиле 17 Австралијанци што е рекорден број од 1993 година. Oваа островска земја e сместена на Тихиот океан и е одалечена 2.000 километри од Австралија.

Повеќе околу начините за добивање виза и работа во Нов Зеланд може да прочитате тука!

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија