Новогодишната ноќ во Минхен: Стотина интервенции на полицијата и нереди

Новогодишната ноќ во Минхен ја одбележаа бројни полициски интервенции и неколку сериозни инциденти, додека граѓаните го прославија влезот во 2025 година. Според полицијата, евидентирани се 484 интервенции меѓу кои и судири, оштетување на имот и неодговорна употреба на пиротехнички средства.

Една од критичните точки на прославата беше покрај реката Исар каде се собраа голем број млади луѓе. Полицијата евидентирала повеќе случаи на опасно однесување, меѓу кои и фрлање пиротехнички средства во толпата. Дополнително, пријавени се штети на јавен и приватен имот и физички пресметки меѓу групи.

Пожарникарите и итните служби на терен

Заедно со полицијата, полни раце работа имаа и пожарникарите. Евидентирани се повеќе од 70 интервенции кои вклучувале гаснење пожари предизвикани од пиротехнички средства, додека итните служби реагирале на бројни повици од граѓани за повреди поврзани со невнимателно ракување со огномет.

Инциденти со пиротехнички средства

Посебно загрижувачки е случајот со огномет насочен према на полицајци и пожарникари. Полицијата морала да интервенира за да се осигура безбедноста на своите службеници и граѓаните.

Мерки за во иднина

И покрај големиот број инциденти, од полицијата посочуваат дека мнозинството граѓани вечерта ја поминале мирно и во празнувачки дух. Но, со оглед на зголемениот број случаи на неред и опасни ситуации, надлежните најавуваат построги контроли и превентивни мерки за идните прослави.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија