Норвешка е најпросперитетна држава во светот

Британскиот институт Легатум и оваа година објави листа на држави рангирани според нивниот индекс на просперитет. Веќе седма година, на врвот на листата се искачува Норвешка, а оваа година зад неа следеа Швајцарија и Данска.

Индексот на просперитет беше базиран на различни критериуми како што развојот на индустријата, квалитетот на образованието, здравството, личните слободи, безбедноста, општествениот капитал и слично.

Истражувањето покажа дека нордиските земји секогаш се меѓу првите кои нудат најголем просперитет. Па така, освен Норвешка и Данска кои се најдоа во топ три, Шведска се најде на петтото, а Финска на деветтото место.

Во првата десетка се најдоа и Нов Зеланд, Канада, Австралија, Холандија и Ирска. Додека пак Македонија годинава според оценувањето беше рангирана на 65-то место. За да ја погледнете целосната листа и оценките според различни критериуми, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија