Обединетото Кралство, врз основа на потпишан билатерален договор, ги призна македонските возачки дозволи, а нашите државјани кои престојуваат на територијата на Англија, Велс и Шкотска од 20 мај ќе можат да поднесат барање за замена на дозволите, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи.
Тој додаде дека Обединетото Кралство е 9. држава во која носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на оваа држава не им е потребна меѓународна возачка дозвола.
-Имено, на носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола, и тоа почнувајќи од 20 мај годинава, што ќе значи и конечно решавање на ова многу важно прашање за државјаните на Република Македонија во Обединетото Кралство, а се очекува многу скоро, оваа законска процедура да биде прифатена и од властите на Северна Ирска. Ова важи за дозволи кои го овластуваат управувањето со класата на возила кои соодветствуваат на класата на возила опфатени во категориите B, B+E, F, K или P, или поткатегоријата B1 и се издадени од страна на Министерството за внатрешни работи во Република Македонија – истакна Спасовски.
За повеќе вакви и слични содржини придружете ни се на нашата фејсбук страна.