Ова се вашите права и обврски за време на пробниот период (Probezeit).

На почетокот на нова работа често има пробен период – и секогаш тука е прашањето како најдобро да се надмине.
Од забрана за годишен одмор до плата за боледување: ако ги знаете најважните права и почитувате неколку правила, не треба да се грижите.

Ве примаат на работа, договорот за вработување е потпишан и се ближи првиот работен ден. Но, новото работно место се уште не е сигурно. Честопати има пробен период на почетокот. Пробниот период е добар инструмент за работодавците и вработените што подобро да се запознаат и да се испробаат.

Пробниот период не е пропишан со закон

Пробната работа не е пропишана со закон. Времетраењето исто така не е фиксно туку секогаш може да се договори поединечно. Обично трае до шест месеци.

ВНИМАНИЕ! Пробната работа не може да биде подолга, бидејќи по шест месеци вработените можат да се повикаат на Законот за заштита на работа. Доколку е договорен пократок пробен период, тој може да се продолжи до шест месеци но не повеќе.

Болести и одмор

Секој што ќе се разболи за време на пробната работа мора веднаш да го пријави ова кај работодавецот и, доколку е потребно, да достави лекарско уверение. Додека сте на боледување за време на пробниот периот, работодавецот може да ви даде отказ. Дозволен е и годишен одмор, во првите шест месеци вработените добиваат околу 12ина денови одмор кој можат да го искористат.

Заштита од отпуштање

Посебна карактеристика на пробната работа е: Доколку работникот е отпуштен во текот на првите шест месеци од вработувањето, работодавачот не треба да ја објаснува причината за отказот. Бидејќи законот за заштита од отказ важи само доколку работникот бил вработен најмалку шест месеци.

Постои посебна заштита од отказ и пред истекот на шест месеци, на пример во случај на бременост. Од првиот ден од вработувањето работодавецот има забрана да ви даде отказ ако сте бремени. Секој што смета дека е неправедно отпуштен за време на пробниот период може да преземе правна постапка. Погрешен потпис или погрешно сослушување на работниот совет може да го направи отпуштањето неважечко.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија