Ова се најчудните фобии: Страв од путер од кикиритки, копчиња…

Многумина од нас имаат по малку чудни фобии. Ова се ирационални стравови предизвикани од одредени предмети, луѓе или ситуации. Заедно со постоечкиот страв доаѓа и силната потреба да се избегне она од што се плашиме.

Некои се плашат од пајаци, други од висина, глувци или нешто бизарно – како стиропор. Некои фобии можеме да ги разбереме, но има некои што баш и не можеме. Ви пренесуваме 15 малку чудни фобии.

1. Arachibutyrophobia (арахибутирофобија) е страв од путер од кикиритки. Поточно, луѓето погодени од оваа фобија се плашат дека путерот од кикиритки ќе им се залепи на непцето. Оваа фобија е широко распространета во земјите од англиско говорно подрачје – имено, таму се јаде многу путер од кикиритки.

2. Еметофобија е страв од повраќање. Не е важно дали лицето повраќа или ги гледа другите луѓе додека го прават тоа. Луѓето кои страдаат од еметофобија добиваат напад на паника секогаш кога станува збор за повраќање.

3. Кумпунфобијата е страв од копчиња. Верувале или не, има луѓе кои се згрозуваат од погледот на копчиња, па никогаш не ги носат на кошули или блузи.

Košulja, Dugmad

4. Номофобијата е широко распространета фобија денес. Имено, тоа е страв дека ќе се остане без мрежа, дека кога е најпотребно ќе се остане без кредит или пак батеријата ќе откаже кога корисникот најмалку се надева. Звучи познато? Наводно, две третини од Британците се во паника што нема да бидат достапни на телефон.

5. Аихмофобијата е паничен страв од остри предмети и опасностите што ги носат со себе.

6. Кулрофобијата е страв од кловнови. Всушност, таа фобија не е воопшто смешна. Ѕвездите како Џони Деп и Роберт Патинсон страдаат од неа.

klovn, zli klovn

7. Подофобија е страв од стапалата. Летото не е идеално годишно време за сите кои страдаат од оваа фобија.

8. Гениофобијата е неверојатен страв од бради. Има луѓе кои се плашат од бради, а и самите ја имаат. Сигурно не им е лесно.

9. Бамбакомалофобијата е страв од памучна волна. Иако е мека, многумина се плашат да ја допрат.

10. Алиумфобијата е страв од лук. Некои го поврзуваат со приказни за вампири, но не гледаме разумна врска.

Beli luk

11. Ихтиофобијата е болен страв од риба. Луѓето кои патат од оваа фобија се згрозени од глетката на водоземци и нивните крлушки. Ријана е една од тие луѓе.

12. Клинофобијата е страв од одење во кревет. Оние кои патат од оваа фобија уште од детството се плашат дека ќе заспијат и дека никогаш повеќе нема да се разбудат.

13. Анатидефобија е, верувале или не, страв од тоа дека некаде во светот има патка која ве гледа каде и да сте и што и да правите.

Ilustracija, Ptica, Ptice, Patke, Patka

14. Урофобијата е паничен страв дека засегнатото лице ќе мора да оди во тоалет во незгодно време. Ова може да биде многу непријатно во секојдневниот живот.

15. Фобофобијата е страв од страв.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија