ОЕЦД: Странците лесно се интегрираат во Швајцарија

Странците кои се преселиле во Швајцарија лесно интегрираат во општеството, особено во пазарот на труд. Во моментов, 24% од населението во Швајцарија, односно 8,2 милиони граѓани, се странци. Околу 76% од доселениците имаат работа, во споредба со просекот на Европа од 62%, се вели во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во извештајот целосно се истражува интегрирањето на доселениците и нивните деца во Швајцарија, одејќи во детали за образованието, приходите, домувањето, здравството, граѓанскиот ангажман и социјализацијата и слично.

Извештајот покажа дека имигрантите во Швајцарија најчесто работат во областа во која првично се обучени. Ова не е случај со поголемиот дел од земјите на ОЕЦД, каде што 32% од работниците имигранти се преквалифицирани, во споредба со Швајцарија каде бројот на таквите доселеници е 17%. Ваквата ситуација во Швајцарија води кон успешна интеграција на децата на имигрантите, се додава во извештајот. Исто така, резултатите покажуваат дека во оваа држава, нивото на дискриминацијата на децата на имигрантите е само 9%, во споредба со просечните 17% во Европа.

Но, целосната слика за животот на доселениците во Швајцарија не е розова. Истражувањата покажаа дека во сиромаштија живеат повеќе имигранти отколку Швајцарци, а исто така поголема е веројатноста доселениците да живеат во евтини станови.

Успех во образованието е исто така слаба точка за имигрантите. Младите не успеваат да добијат добри оценки – само 4% од нив се сметаат за добри учениците, во споредба со 10% од имигрантите во останатите земји на ОЕЦД и 17% од младите швајцарски студенти на приближна возраст.

Минатата година, вкупно 73.000 странци дошле да живеат во Швајцарија, од кои 50.600 биле од земјите на ЕУ/ЕФТА. Оваа последна бројка е за 25% пониска од рекордот во 2013 година.
Се предвидува дека бројот на жители на Швајцарија ќе се зголеми од 8.250.000 на 10,2 милиони до 2045 година.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија