Основните прехранбени продукти во Германија драстично поскапеа, а некои од нив во продавниците наскоро може да бидат до 25 отсто поскапи.
Во Германија, во следните неколку месеци ќе дојде до големо поскапување на производите, а производителите се закануваат со дури 25 отсто повисоки цени, пренесува Fenix magazin.
Производителите како Nestle и Henkel во моментот преговараат со големите трговски синџири за драстично зголемување на цените. Порталот Lebensmittelzeitung, кој објавува вести поврзани со трговијата и храната, пишува дека производителите на тестенини планираат да ги зголемат цените.
На пример, производителот на тестенини во Германија Birkel, можно е да ги зголеми цените на своите производи за 19 отсто, а тестенините на производителот Buitoni дури за 25 отсто.
Причина е поскапувањeто на шеќерот, житарките и другите сосотојки чија цена во последните месеци скокна за 40 отсто. Големите трговски синџири се борат против планираното поскапување на цените кое го најавуваат производителите. Тоа може да доведе некои производи да ги нема на рафтовите.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.