Oткриени 19 фaлсифиkyвани ПЦР тестови во автобус кој патувал на релација од Македонија кон Германија, тестовите ги купиле во Струмица

Денеска (09.10.2021) од страна на полициски службеници од СВР Куманово-Одделение за криминалистичка полиција-Отсек за економски криминалитет, извршена е контрола на автобус на туристичка агенција кој патува на релација од Република Македонија кон С.Р.Германија, при што од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 од нив откриени се 19 фалсификувани ПЦР тестови. По извршени проверки на тестовите било констатирано дека станува збор за фалсификувани тестови, кои биле набавени од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест.

По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија.

Македонци во Германија

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија