ПЕНЗИСКА РЕВОЛУЦИЈА: Бонуси за германските пензионери! Кои се условите за исплата на 10.000 евра?

СЕ ПЛАНИРААТ ОГРОМНИ ПРОМЕНИ ВО ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ?!

Германскиот министер за економија Роберт Хабек сака на пензионерите да им исплати голем бонус, а тие секоја година можат да добијат и до 10.000 евра.

Речиси насекаде во Германија има очајна потрага по работници. Нема опуштање на повидок – туку сосема спротивното.

Бидејќи генерацијата на „бејби бумери“ ќе се пензионира во наредните години, многу работни места ќе останат непополнети. Германскиот министер за економија Роберт Хабек (Зелените) затоа сака да направи револуција во пензиите.

По околу 45 години стаж, некои вработени едвај чекаат да се пензионираат. Меѓутоа, ако немате доволно пари или сакате да продолжите да заработувате добро, можете да продолжите да работите.

Затоа министерот за економија сака да воведе промени во пензискиот систем. Потенцијалните пензионери во Германија треба да се охрабрат да работат подолго и на тој начин да ги пополнат празнините што може да се појават на пазарот на трудот.

Предлогот на министерот е да се исплаќаат значителни бонуси на пензионерите кои продолжуваат да работат и по исполнувањето на условите за пензионирање.

Хабек планира револуција: Осигурителните полиси ќе се исплаќаат како бонуси

Конкретно, станува збор за придонесите на работодавачот за пензиско осигурување и осигурување во случај на невработеност. Ако пензиската револуција за која се стреми Хабек навистина да се случи, тие треба да бидат исплатени директно како бонус. За постарите тоа значи дополнителни 10,6 отсто од бруто платата.

Хабек сега планира придонесите за социјално осигурување од работодавачот да им се плаќаат директно на постарите лица. Според германските медиуми, уделот на пензиското осигурување изнесува цели 9,3 отсто од бруто платата. Згора на тоа доаѓа и осигурувањето од невработеност од 1,3 отсто.

За луѓето кои сакаат да добијат финансиска предност како што стареат, овој потег на германските власти дефинитивно би бил вносен бизнис.

Просечните приматели на овие бенефиции би добиле околу дополнителни 5.000 евра годишно. Можно е да се добиваат максимум 9.285 евра годишно, пренесува Fenix ​​Magazin.

Сепак, оваа пензиска револуција нема да им користи на сите. Предлогот на министерот Хабек се однесува само на оние кои ја достигнале стандардната возраст за пензионирање. Од оваа мерка се исклучени оние кои предвреме заминале во пензија или оние кои поради различни прописи престанале да работат порано од планираното.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија