1. Секогаш погрешно ќе го изговараат вашето име и презиме
Веројатно секогаш и засекогаш. Затоа подгответе се да го спелувате вашето име и презиме во сите прилики кога е потребно да се пополни каква било документација.
2. По улиците ќе можете да видете се и сешто. Буквално се и СЕШТО.
Од секакви тетоважи и пирсови, до агресивни и нападни луѓе, улични банди, изроди од секаков вид, стилови на облекување кои до сега не сте можеле ни да ги замислите и сите тие луди, а понекогаш и опасни ситуации од филмовите. Иако ќе се навикнете на тоа по неколку месеци, сепак препорачувам да бидете секогаш на штрек бидејќи никогаш не знаете. Навистина никогаш…
3. Разликата меѓу енормно богатите и многу сиромашните
Таа е многу поголема и поизразена отколку кај нас. Секој ден ќе видите стотици скапи автомобили за кои повеќето од нас можат само да сонуваат, но во исто време и таква сиромаштија што ќе мислите дека сте на друг континент.
4. Храна
Зеленчукот и овошјето никогаш повеќе нема да имаат ист вкус. Во пекарите се е зашеќерено и многу е тешко се најадете како кај нашите пекари. Ќебапот не може да се спореди со тој што сте го јаделе досега, ниту пицата и другите наши специјалитети.
5. Облека
Таму се носи зимска облека од октомври до скоро мај, со исклучок на неколку дена. Летна гардероба се носи само 3-4 недели во годината кога горештините се неподносливи, а остатокот од годината пролет/есен. Деновите без јакна, барем тенка, се многу ретки.
6. (Не)време
Задолжително инвестирајте во квалитетен чадор бидејќи навистина ќе ви треба. Дождот опфаќа, според мојата проценка, 60-70% од деновите во годината, барем во западниот дел на Германија. Секој сончев ден без исклучок скапо ќе го платиме со 5-10 дена дожд и студ, па да ги искористиме најдобро што можеме. Сонцето не доаѓа по дождот, но дождот доаѓа по сонцето. МНОГУ дожд.
7. Друштво
Социјалниот живот е болна точка за сите нас новите доселеници. Нема повеќе дневни кафиња на сонце (па ни на дожд), а секое друго дружење треба внимателно и исцрпно да се планира однапред, бидејќи луѓето овде едноставно се различни. Тие претпочитаат мир и, за разлика од нас, претпочитаат слободното време да го поминуваат без друштво или со внимателно одбран круг на луѓе во кој е многу тешко да се влезе. Во овој случај, сличностите дефинитивно привлекуваат, т.е. доселеници со доселеници, и староседелци со староседелци.
8. Ден и ноќ
Потребно е малку повеќе да се раздени наутро, но затоа денот трае бескрајно, дури и до 22-23 часот во лето!
9. Јазик
Дојдовте во Германија, се сместивте во стан, најдовте работа и собравте круг на луѓе со кои се дружите. Животот може да започне! Остана само еден проблем – од 80 милиони луѓе разбирате само неколку од нив. Да, вие избравте земја во која се зборува тежок јазик и да, ќе биде потребно извесно време додека не го совладате.
10. „Ред, работа и дисциплина“
Заборавете на сето она што досега сте го научиле за Германците и Германија. И тие се само луѓе и понекогаш работат на црно и изневеруваат (почесто отколку што би помислиле!), се забавуваат, се дружат, спортуваат, излегуваат на викенди и пијат алкохол, со таа разлика што имаат малку повеќе пари од нас.
11. Времето во татковината нема да запре
Редовно се јавувате дома, комуницирате со старите пријатели, планирате работи что ќе ги правите кога ќе се вратите во посета, а во меѓувреме водите нов возбудлив живот во нова земја и соништата полека стануваат реалност! Некои работи ќе останат како што сте ги оставиле, но порано или подоцна луѓето што сте ги оставиле ќе се навикнат да живеат без вас, некои врски ќе се истенчат, а можеби и неповратно ќе се изгубат, некои ќе станат посилни, но речиси на сите нивоа нешто ќе се промени, а некои промени сигурно нема да ви се допаднат. Сè има своја цена и со напуштање на нашата татковина во одреден момент ќе ја платиме. На крајот на денот, сè што имаме во животот е време.
12. Добрата транспортна поврзаност е се
Ако ги погледнете германските градови, веројатно ќе го забележите непишаното правило дека во центарот живеат странци, а на периферијата на градот Германци. Покрај тоа што го сакаат мирот и тишината, сите Германци поседуваат и автомобили. Странците, пак, најчесто се зависни од јавниот превоз и затоа е многу важно да се живее таму каде што врските се редовни и чести во секое време од денот и ноќта. А освен тоа, кога сте нов во странска земја, целта е да бидете во центарот на настаните, а не на периферијата на градот во осаменост и уште поголема изолација.
13. Становите скоро никогаш не се реновираат
Или многу ретко, а оние кои се прилагодени и личат на нешто обично се многу поскапи. Генерално немаат потреба да ги реновираат, бидејќи и најгрдиот стан некому лесно ќе го изнајмат, а ако е на посакувана локација, тогаш по висока цена. Затоа не очајувајте како мене што живеете во грд стан затоа што многу станови овде не се одржуваат, за разлика од становите во Македонија.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.