ЧЕСТИТ 1-ви МАЈ

Ако зборуваме за „работнички права“ и „плата“, значи дека сме заглавени во 20-ти век (а сме).
Да потсетам, ова е 21 век и време е да се освестите
(поздрав до Миленијалците, за кои ценам дека мнозинството го сменуваат начинот на работа и сфаќање на работите)

Да разјасниме некои работи.

Работник – некој кој го продава своето време, труд, знаење, вештини – одделно или комбинирано. Друг термин би бил – вршител или давател на услуги.

Работнички права – работна етика која треба да се почитува од страна на барателот на услуги кон давателот на услуги.

НЕ – никој нема да Ви ги даде правата. Никој освен работникот – не може да ги дефинира овие права. Секој работник има можност да ги дефинира засебно доколку не му одговараат општо прифатените. Се разбира, секој барател на услуги не мора да ги прифати.

Плата – застарен термин и начин за дефинирана цена на одредени услуги. Стариот систем за одредување – барателот на услуга (уште познат како работодавач), одредува сума која според него е доволна. Давателот на услуга зема или остава (на наше поднебје зема по дифолт, колку и да не му одговара, „плачи“ дека не му одговара, ама упорно ја дава услугата за цената од која не е задоволен и при права кои не му одговараат).

Дечки, не прашувајте колку даваат плата. Вие сте во позиција на давање на услуга и ВИЕ иницијално ја одредувате цената. Крајната цена се договара помеѓу барателот и давателот на услугата и немојте да се разочарувате ако не се договорите. Не секогаш се постигнува договор за било што и по било која цена.

Исто така – ВИЕ ги диктирате правилата на игра, кои може или не мора да бидат прифатени од страна на барателот на услугата. Исто така и тука не секогаш ќе постигнете договор.

Драги баратели на услуги, плачите дека нема работници, а?

Е па, кога нема работници, почнете да барате даватели на услуги и да ги третирате како такви. Тие не се ваши робови, тие се ваши соработници/партнери и крајно време е да почнете да се однесувате кон нив како кон такви.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија